НАОЃАЧ

Не знаеш што да фотографираш
па ги сликаш твоите чевли
од птичја перспектива,
додека зујат инсектите 
околу,
а жештината прави обид 
за конструирање 
некаква бесмислена досада.
Сликаш ѓубренце на масата
кое чека да биде фрлено.
Едноставно..... 
сакаш 
да 
кадрираш.
Погледот ,,во рамка,,
станува силен,
нештата живеат.
Кога незнаеш
што ќе сликаш,
ти бараш...
мислиш
можеби ќе пронајдеш...
нешто..
смислата??
Фотоапаратот 
е твоето вселенско летало 
што без исклучок
те приземјува
,,овде-сега,,
Ти наоѓаш.....
секогаш.





Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa