АРХЕОЛОГИЈА НА ЧУВСТВАТА

Се погледнале облаците во морето и си помислиле "колку убави облаци".Си завидуваат самите на себе си.
Нашето божемно лице никогаш не се видело себе си освен во огледало.Затоа тоа за себе си мисли дека е одразот во огледалото.Убавината и грдотијата,лошото и доброто,се што гледаме -тоа сме ние.Ние сме чувство фатено во стапицата на времето,кое себе си се нарекува реалност.Кога реалноста е заробена од некое време чуваствата излегуваат од урнатините и стануваат артефакти кои ќе ни помогнат да ја склопиме прасликата (за тишината)Само со археологијата на чувствата ние можеме да се одбраниме пред судот на историјата и да бидеме ослободени од затворот на времето.Надвор од времето ние сме едно и таму нема огледала ниту илузии.
Вечноста не пати од расцепеноста на разумот..од самиот себе си.Но додека вечноста е ,,ТАМУ,,....ние сеуште сме ,,ТУКА,,

Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa