понедељак, 13. јун 2011.


СЕКОГАШ СО СЕБЕ

Со мрежа за пеперутки фаќам чувства во воздухот.
Еве едно во дланкиве држам,нешто како тага е слично,но не е само тоа.
Меко е,и со виолетова боја.........оди накај сино....и не ми се пушта туку така...да помине.
Го задржувам неколку мига,за да го почувствувам подлабоко...па некако ми се разјаснува неговото потекло.
После секој убав ден поминат со мажот ми,кога е тој слободен,чувствувам таква тага дека наредниот ден нема да сме заедно.....посакувам да сум копче на неговата кошула...а може и влакно од неговата коса или нешто било што , кое ке има нужда да го носи секогаш со себе.

1 коментара:

Постави коментар