ВО ВЕЧНОСТА-ВЕЧНО


Вистината не е мој патентиран изум.Ја ловам секој миг загубена во ритамот на нејзината динамика и го вложувам целото свое искуство за да го откријам супстратот, кој ке ми послужи како зачин на секоја наредна ситуација ,кога ќе ја зачинам, едноставно, да се претвори  во вистина.Понекогаш моето секојденвно искуство ми изгледа како беспотребно сеење на прашина,понекогаш чинам дека откривам дијаманти од утробата на земјата.....но знам, дека ни едното ни другото не е вистина.....и во позадината на таа завеса на илузијата....здогледувам вечност.Растргната помеѓу значењето на моето тело како инструмент или поробител,одлучувам да пробам да не размислувам по принципот или-или,и во обидот да се избегне таа замка...ја осознавам нужноста од ова тело....со кое треба да се чекори по земјата без да се згази.Да се чекори по земјата без да се згази.Си го повторувам ова сознание неколкупати за да го разберам,однатре.Каква е таа уметност на живеењето што ке ми го покаже телото само како инструмент,како вселенска станица која ќе ја катапултира душата во бесконечноста.....а нема да ја врзе за себе си?И се разбира таа ракета која ке биде исфрлена да не се уништи туку да ја оствари својата вселенска мисија....да постои во вечноста-вечно.

Коментари

  1. Анониман10. март 2011. 22:41

    Секојдневно се поставуват 1000 зошто и се размислува-1000затоа.Но,мислам најдобро ке биде душата да ја оставиме на мира и таа како таква самата по себе ке катапултира во вечноста...

    ОдговориИзбриши

Постави коментар

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa