Постови

МОЖЕЊЕ

Слика
(не сум сигурна за имево,прво беше ,,допуштање,,)   Од кога се немаш Помочано од радост О дете, Изгубено во својата потсвест. Имале   право   Грим За Црвенкапа, Нејзе дека   ја изел Волкот-страв. Излези дете на видело Да те видам-да се видиш Оти во темното нема ништо, Светлината е само. Ти дете,не плаши се Слободно помочај се од радост Никој не ќе те дознае. Играчките ти ги чуваат Уште , Во ќошот, И куклата со подшишани шишки. Од боите нивни обој го светот О дете. Трчај после,претрчај го Таков шарен Со широки раце за прегратка И мочај од радост кај ќе стигнеш Дете.

МОЈАТА ТАТКОВИНА

Слика
          На денот на независноста Татко ми традиционално се јавува. Си спомнуваме за ручекот Кој што јадел Си посакуваме ,,наздравје,, И се смееме За некоја секојдневна анегдота. Тој честита Со свечен тон, Целиот обоен со достоинство и радост МАКЕДОНИЈОСРЕЌНОИВЕЧНО И покрај тоа што Во истата, Работи седум дена во неделата, На секој празник, Измолува едвај годишен одмор И прима плата во ситно, Се осмелува на ЉУБОВ Татко ми... Е мојата татковина    

ПИСМО ДО МАЈКА МИ

Слика
              Здраво   мамо. Еве решив Да ти напишам писмо. Јас сум добро ,мамо. Вчера наполнив 37 години И за среќа Сеуште сум дете,мамо. Како што стојат работите Тоа нема изгледи   да се смени. Ова е факт кој нема да те вознемири Освен ..да те охрабри,мамо.   Се сеќаваш ли,мамо, Кога си играв со дедо Ганди Во песокта? Толку   ме љубеше тој Што успеа да ме научи Да немам потреба од војна Така што Јас ке бидам промената Која ја очекувам од другите.   Потоа,мамо, Се секаваш ли кога Еднаш Исус им се искрадна на мајка му и татко му Во храмот И си играше со нас. Уште тогаш рече Дека сите ние сме Браќа Едни со други И дека по љубовта се познаваме. Нема други разлики меѓу нас. Се сеќаваш ли ко вчера да беше,мамо, Како се смеевме на балконот Седнати со Него Додека заоѓаше сонцето И како Тој ни раскажуваше Д...
Слика
    Ветерот влегува низ балконската врата а излегува низ прозорецот и обратно... го викам тоа галење со Се-то ... Настанот музички е поддржан од штурец кој бавно штури а за осветлувањето се погрижи ноќта со сите звезди и месечината. Благодарност до сите кои присуствуваа сочувствуваа и со-галуваа со нас оваа ноќ.

FREE DOWNLOADS

Слика
        Еве го работ на галаксијата, Еве ја мојата кожа. Го гледам тоа од некоја далечина, А внатре сум. Станува тесно И здивот е тежок. Земам игла и со малиот врв Го пукам балонот на привидот. Нема ништо. Мојата кожа се претопува во бескрајот И здивот ми е вечност. Да се обожиш е нужност, Просветлувањето повеке не е луксуз.    

спогодба

Слика
 Го прифаќам секој ден како расказ, на кој му се воодушевувам додека го читам, без да сакам да сменам ниту една буква од него, го голтам читајќи.... ... За поголема јасност на ефектите замижувам и ѕиркам во внатрешноста. За да видам појасно најпрвин молчам и гледам како летаат мисли во облик на слики. Потоа одам понатаму и гледам како диши само од себе. Потоа одам уште понатаму и влегувам во пространството на изобилие и одбирам слика-сон која ке ја покажам штом ке ги отворам очите.

КРИСТАЛНО ,,ТЕ САКАМ,,

Слика
Толку е јасно тоа Дека те сакам што самото е проѕирно Како стакло. Се гледа преку него се, Јасно. Можеш да го ставиш   Како прозорец И низ него јасно да го видиш светот, Без дамки и флеки, Без деформации. Низ тоа ,,те сакам,, Можеш совршено Да ги гледаш сите нешта и луѓето Во нивната идеалност, Без да се изморуваш од приметување фалинки . Тоа кристално ,,те сакам,, Е филтер за болката , преку него ќе го спознаеш безболот. И со него   ако толку се соживееш Самиот стануваш,, Тоа ,,те сакам,,...