Постови

Слика
    Ветерот влегува низ балконската врата а излегува низ прозорецот и обратно... го викам тоа галење со Се-то ... Настанот музички е поддржан од штурец кој бавно штури а за осветлувањето се погрижи ноќта со сите звезди и месечината. Благодарност до сите кои присуствуваа сочувствуваа и со-галуваа со нас оваа ноќ.

FREE DOWNLOADS

Слика
        Еве го работ на галаксијата, Еве ја мојата кожа. Го гледам тоа од некоја далечина, А внатре сум. Станува тесно И здивот е тежок. Земам игла и со малиот врв Го пукам балонот на привидот. Нема ништо. Мојата кожа се претопува во бескрајот И здивот ми е вечност. Да се обожиш е нужност, Просветлувањето повеке не е луксуз.    

спогодба

Слика
 Го прифаќам секој ден како расказ, на кој му се воодушевувам додека го читам, без да сакам да сменам ниту една буква од него, го голтам читајќи.... ... За поголема јасност на ефектите замижувам и ѕиркам во внатрешноста. За да видам појасно најпрвин молчам и гледам како летаат мисли во облик на слики. Потоа одам понатаму и гледам како диши само од себе. Потоа одам уште понатаму и влегувам во пространството на изобилие и одбирам слика-сон која ке ја покажам штом ке ги отворам очите.

КРИСТАЛНО ,,ТЕ САКАМ,,

Слика
Толку е јасно тоа Дека те сакам што самото е проѕирно Како стакло. Се гледа преку него се, Јасно. Можеш да го ставиш   Како прозорец И низ него јасно да го видиш светот, Без дамки и флеки, Без деформации. Низ тоа ,,те сакам,, Можеш совршено Да ги гледаш сите нешта и луѓето Во нивната идеалност, Без да се изморуваш од приметување фалинки . Тоа кристално ,,те сакам,, Е филтер за болката , преку него ќе го спознаеш безболот. И со него   ако толку се соживееш Самиот стануваш,, Тоа ,,те сакам,,...      

МИ ОЛЕСНУВА

Слика
Рано го погребав генијот Во себе си, Но долго тагував по него. Ослободена сум од тагата и генијот И сега не сум ни птица Ни стрела Ни цел Само сум лет, Кој плови со облаците. Во мене се сите со кои сум се сретнала Макар и на пешачки премин, И јас сум во нив. Времињата се заборавени Но она кое е споено Неможе да биде разделено. Се сеќавам Ни ги тргаа ушите нагоре И ни викаа ,,големи да пораснете,,. Си велев Кој знае до кај ќе раснеме, Па правев планови Да се мерам со највисоките врвови И од таму со лесно да дофаќам облаци, Над нив потоа да поминам И да рипам да скокам Како врз јоргани Колку ми душа сака. После мислев ќе може Да се мине од небо до небо До кај деветтото да се стаса И да се пробие небесата Да се надмине телесата ....мислев Да се исцели.. Значи нешто да стане цело Кое било времено разделено И сега се соединува Еднее Едно станува Шушкам со хартивчето ...

преобразивање на умот

Слика
Запознај ја природата на својот ум Или како што викаше натписот на делфискиот храм ,,спознај се самиот себе си,, Е една цивилизациска задача На која Одговорот и бега Како на змеј Кој сака да си го гризне опсашот А кога ке го има меѓу забите Дознава по болката Дека тоа е дел од неговото тело Така и умот Кој се гони самиот себе Прави поделби Ходници и лавиринти Најчесто скриен во измислениот Фолдер,,потсвесно,, Си наоѓа оправдување и Купува време Да си признае дека Тој ги измислува Германците и партизаните Индијанците и каубојците Нашите и вашите Тој кој прави проблем И оној кој го решава Светлата точка во која Себе си се открива во трилерот Е гога престанува двојството И целиот ум На драга воља Се нарекува срце   illustration:daria petrilli , in the garden of good and evil

СЕ-МОЖНО(А)-СУМ

Слика
Имам невидливи долги раце Кои се шират Колку да можат Да ја прегрнат планетата И да берат свежи ѕвезди од небото За да ги всадувам Во срцата на сите Со кои се сретнувам Патувајќи по бескрајот Се смалувам толку За да ги шпиунирам Клетките кога се множат, И да им влезам Со осмоза преку мембраната Сама ја форматираам ДНК-та Лизгајќи се по неа како на тобоган Кога пак мижам Го следам здивот По неговиот дишен пат И со остар поглед Ги пукам мислите ко балони За да останам во без-мислието. illustration:dan-ah-kim