Сега не е утре и сега не е вчера, сега е тука овој мирис, од жегата и силното испарување, оваа музика што се меша со штурците, гласовите на деца кои играат и баба која го довикува своето внуче, мракот кој се спушта, стегањето во пределот на градите, што го викаат болка, пу Ана,пу за мене,пу за сите, криенка-миженка, диши-издиши, залутана пеперутка која кружи околу лустерот јас-клопче во аголот на каучот што ги плете мислите и расплетува, плети-расплети плети-расплети плети-расплети ........................... Вчера поминало утре не дошло, а тоа што притиска во градите и што го викаат болка, ќе го прекрстам во ,,пиле,, и ќе го пуштам да летне.