Постови

КОГА НЕ МИСЛАМ

Слика
Понекогаш мислам дека сум збор вселен во тело, ни маж,ни жена... Понекогаш мислам дека тој збор е тишина... понекогаш, кога не мислам. photo: Ashes and Snow-- Gregory Colbert

МЕЧТАЕЊЕ.....

Слика
Мечтаење уште во првите тетратки испишани со полжавчиња и коси линии. Мечтаење во погледот фрлен меѓу две жици на бандерите, во чекалната за воз, во пет минути пред спиење, во соништата мечтаење. Мечтаење во точката на загледаниот поглед, во скршените садови за миење, во дремката за време на долгите предавања, меѓу полиците во библиотеките, во мирисот дојден однекаде, во потсетникот со телефонски броеви,адреси и родендени, во кутивчињата со свиткани ливчиња, школки од море и малечки фотографии, мечтаење... мечтаење.... Мечтаење во малите промени во распоредот на куќните предмети, во лавандата ставена во плакарот, во воздухот кој влегува преку прозор додека возиш, во сите празни куфери, во зачуваните билети, во прстот ставен на слепоочницата, мечтаење.... мечтаење..... мечтаење.... Мечтите се остваруваат...

ПОНЕКОГАШ НЕШТО НЕ ЗНАЕМЕ....

Слика
Да потполниме формулар да патуваме со авион да зборуваме странски јазик да продадеме да излажеме да ги читаме стрелките на часовникот да мачкаме лепче да врзуваме врвци да зашиеме копче да преминеме преку улица да разликуваме лево од десно јуни од јули.... Незнаеме како се движат облаците како летаат птиците како се стасува на друга планета.. Незнаеме дека сме убави дека не сака оној кој го сакаме дека е овде она кое чекаме да дојде. понекогаш-засекогаш понекогаш-понекогаш понекогаш-никогаш понекогаш-изговор понекогаш-одложување понекогаш-сега сега-секогаш. illustration,Catrin Arno

МЕЃУ ЗБОРОВИТЕ.....

Слика
Има       растојание меѓу          зборовите, што се слуша. Има тишина. Јазикот е форма, што само прави место за да се слушнат тие пасуси со тишина, кои ја кажуваат смислата, која ние мислиме дека доаѓа од артикулација на зборовите. Како куќа.... ѕидовите се форма јас сум животот меѓу тие ѕидови, меѓу тие зборови. illustration by schall eszter

ПОЛИЊА СО ЖИВОТ

Слика
           

HISTORIA DE UN AMOR

Слика