Постови

ВРВНА ТЕХНОЛОГИЈА ВО РЕ-ДИЗАЈН НА РЕАЛНОСТ

Слика
Мала слика на доживеано чувство, патува низ сеќавањето како птица која секоја година оди на југ и секогаш се враќа во старото гнездо. Таквото повторување произведува извесна количина привид колку да се падне во очај... Како пајажина од таванот, се спушта мисла, да го улови натрапникот... Еден зрак на светлина кој ја прекинува низата на сеќавања и ја трансформира реалноста во друг облик кој е избран во каталогот на бескрајни можности. Ваквата врвна технологија на трансформација на реалноста истовремено е футуризам во ерата на купување плацови на Марс и вообичаеност во безвремените зони на планетава.

ИГРАЊЕ БРКАНИЦА СО ИНСЕКТИТЕ ВО ЕДЕН ИНСЕКТАРИУМ (ДВОР)

Слика

ОГЛЕДУВАЊЕ

Слика
Тишината е средба  со себе-со тебе. Се затвара кругот на времето во кој се вртела историјата, изчезнува купчето искршени митови. Каде е ова место   кое така ја одразува душата? Овој сон, овие планини во видикот, што ја поткопуваат најдлабоката подсвест без да ја вознемират. Овие возвишени глетки кои постојано ги менуваат боите бидувајќи совршено огледало на внатрешноста... а каде е внатрешноста? Што е кожа, а што воздух? ако се едно  тие во допирот.... Се кристализира демонтирана  мистерија на ова овде и она таму со откривањето на ЕДНОТО во сето видено-бидено. Гледањето надвор  е гледње внатре...

ЖИВОТ СО ПОГЛЕД

Слика
Кога интернетот е толку бавен што пораките стасуваат  после неколку часа,  на телевизорот има само една програма, ама затоа погледот е неограничен планина позади планина позади планина позади планина.... Тука.... во тишина, облаците патуваат, ветерот свири,  козарот ги брка козињата. Тука возот кажува колку е часот, а комбето за леб, кој ден е... Тука будење,тука дишење... Лета сокол врз воздушен столб,                                                                                    од високо, гледање,гледање,гледање.... Тука е секаде а сега и овде е... lalulutres: The Night’s Long Journey -Cristie Henry   photos from the portfolio of Germanovich Vladimir

УБАВО.....

Слика